Архитектура и градба - категорија

двокатен повеќе

двокатни
Вид збор: Придавка
Што има два ката.
Англиски: two-storied

двокатница повеќе

Види и: двокатен (прид.)
мн. двокатници
Вид збор: Именка, женски род
двокатна зграда

двор повеќе

мн. дворови
Вид збор: Именка, машки род
Палата во која живее владетел или веледостојник.
Англиски: palace Албански: oborr mbretëror
Заграден простор околу куќа.
Англиски: courtyard Албански: oborr shtëpie

дворец повеќе

мн. дворци
Вид збор: Именка, машки род
аристократска, богаташка резиденција
Англиски: palace

двособен повеќе

двособниот
Вид збор: Придавка
Што се состои од две соби.

деканат повеќе

мн. деканати
Вид збор: Именка, машки род
Место, просторија во која е сместена и работи управата на факултетот.
Англиски: Dean's office Албански: dekanat

декоратор повеќе

Види и: декоратер (м.)
мн. декоратори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што изработува украси, што украсува нешто.
Англиски: interior designer

декорација повеќе

мн. декорации
Вид збор: Именка, женски род
украсеност, накитеност
Англиски: decoration

дема повеќе

мн. деми
Вид збор: Именка, женски род
Попречна греда.
Англиски: crossbeam

депанданс повеќе

мн. депанданси
Вид збор: Именка, машки род
Помошна, споредна зграда, обично на некој јавен објект (хотел, болница).
Англиски: annexe, outbuilding

депо повеќе

мн. депоа
Вид збор: Именка, среден род
Зграда за сместување и поправка на локомотиви.
Англиски: depot, station Албански: depo hekurudhe

дибла повеќе

мн. дибли
Вид збор: Именка, женски род
Подлога за клин, дрвен или пластичен чеп.
Англиски: dowel Германски: Dübel Бугарски: дибла

дивоградба повеќе

мн. дивоградби
Вид збор: Именка, женски род
Изграден објект без градежна дозвола.
Англиски: Illegal construction

дирек повеќе

мн. диреци
Вид збор: Именка, машки род
Дрвен столб што служи за потпора.
Англиски: pole Турски: direk Албански: direk

директорат повеќе

мн. директорати
Вид збор: Именка, машки род
канцеларија на директорот

дирекција повеќе

мн. дирекции
Вид збор: Именка, женски род
Просторија каде што е сместена таквата управа.
Англиски: management Албански: drejtori

довароса повеќе

Види и: вароса (св.)
доваросаат
Вид збор: Глагол, свршен
Вароса до крај, заврши со варосувањето.
Англиски: whitewash

довратник повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Составен дел (најчесто страничен) од рамката на вратата или целата рамка; просторот под вратата.
Англиски: jamb, doorpost

доградба повеќе

мн. доградби
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што дополнително се доградува, дел што е доѕидан до некој објект.
Англиски: annex Албански: ndërtim shtesë
доградување, доѕидување
Англиски: extension Албански: shtim

догради повеќе

доградат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгради до крај, заврши со градењето.
Англиски: build Албански: ndërton
Со ѕидање додаде, доѕида до веќе изградена, постојна градба.
Англиски: extend Албански: zgjat

дограма повеќе

(едн.) дограмата
Вид збор: Именка, женски род
Градежна дрвенарија (прозорци, врати).
Англиски: carpentry Турски: doğrama

доѕида повеќе

Види и: ѕида (несв.)
доѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со ѕидање.
Англиски: build Албански: mbaroj me muratim
Додаде нешто со ѕидање.
Англиски: add Албански: shtoj me muratim

доизградба повеќе

(едн.) доизградбата
Вид збор: Именка, женски род
дополнителна изградба
Англиски: annex, outhouse

доизгради повеќе

Види и: изгради (св.)
доизградат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгради нешто до крај.
Англиски: build Албански: ndërtoj

доизѕида повеќе

Види и: изѕида (св.)
доизѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изѕида до крај, сосема.
Англиски: build

долап повеќе

мн. долапи
Вид збор: Именка, машки род
Вѕидан орман, шкаф за сместување облека, садови и други предмети.
Англиски: cabinet Турски: dolap Албански: dollap

дорски повеќе

дорскиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на еден од трите грчки градежни стилови (според грчкото племе Дорани).
Англиски: dorian

драпира повеќе

драпираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Украсува со ткаенина просторија, прозорец или мебел.
Англиски: drape Албански: zbukuroj me perde

ДУП повеќе

Вид збор: Скратеница
Детален урбанистички план

душеме повеќе

мн. душемиња
Вид збор: Именка, среден род
дрвен под
Англиски: wooden floor Турски: döşeme
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш